Земјотрес со јачина од 7,1 степени во западна Кина

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди ретко населениот западен кинески регион Ксинџијанг рано утринава, при што беа повредени шест лица, а оштетени или урнати се повеќе од 120 куќи, соопштија властите.

Loading...

Земјотресот ја погоди областа Устурпан (Вуши, на кинески) во префектурата Аксу, нешто по 2 часот утринава, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

На местото на земјотресот се испратени околу 200 спасувачи.

Од шесте повредени лица, како што се наведува, двајца се со тешки телесни повреди.

47 згради се урнаа, 78 беа оштетени, а некои земјоделски капацитети беа уништени, соопшти владата на автономната област Ксинџијанг Ујгур на својата сметка во Веибо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

Планинскиот округ Устурпан имаше население од околу 233.000 во 2022 година, според податоците од властите во Ксинџијанг.

Железничката канцеларија во Урумчи, главниот град на Ксинџијанг, соопшти дека железничкиот сообраќај е обновен по седум часа утринава по безбедносните проверки и потврдата дека нема проблеми на шините. За време на прекинот не сообраќале вкупно 23 воза.

Геолошкиот институт на САД соопшти дека земјотресот бил со јачина од 7 степени и се случил во сеизмички активниот планински венец Тиан Шан.

Loading...

Како што наведуваат од Американскиот институт, најголемиот земјотрес во тоа подрачје во минатиот век бил со јачина од 7,1 степен и се случил во 1978 година, на околу 200 километри од денешниот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОБСЕ: Oд клучно значење е да се гонат злосторствата од омраза

По главниот земјотрес беа забележани бројни последователни потреси од кои најсилниот беше со јачина од 5,3 степени.

Таа рурална област е претежно населена со Ујгури, мнозинско муслиманско население со турско потекло.

Во моментот на земјотресот во областа Уштурпан се забележани температури под нулата, а кинеската метеоролошка служба оваа недела прогнозира дека ќе се спушти до минус 18 степени.