Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Нов Зеланд

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во близина на брегот на јужниот остров на Нов Зеланд, соопшти новозеландската сеизмолошка служба ГеоНет.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил на 124 километри западно од Крајстчерч, на длабочина од 11 километри, објави GeoNet на својата веб-страница.

Околу 15.000 луѓе пријавиле дека го почувствувале земјотресот, според Геонет, додавајќи дека земјотресот бил во 9:14 часот по локално време.

Локалните медиуми објавија дека нема информации за штети и дека не е издадено предупредување за цунами.

Нов Зеланд се наоѓа на огнениот прстен на Тихиот Океан, каде сеизмичките и вулканските активности се чести.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи