Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди Кина

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер ја погоди денеска југозападната кинеска провинција Сечуан, јавија државните медиуми.

Loading...

Земјотресот ја погоди областа Лушан во близина на градот Јаан во 17 часот по локално време (11 часот по средноевропско време) и е регистриран на длабочина од 17 километри, објави државната телевизија податоци од центарот за земјотреси во Кина.

Епицентарот на земјотресот бил на 113 километри од главниот град на Сечуан, Ченгду. Засега нема извештаи за жртви.

Градот Јаан во 2013 година беше погоден од силен земјотрес во кој загинаа повеќе од сто луѓе, а илјадници беа повредени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина