Земјотрес со епицентар во Албанија, денеска во претпладневните часови е регистриран и на територијата на Македонија.
– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 11 часот и 28 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Албанија, на 155 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 3.8, информираат надлежните.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, надлежните замолуваат да го пополните прашалникот за почувствуваност достапен ТУКА.
Никола Ивановски

