Земјотрес почувствуван во Македонија

Сподели со своите пријатели

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2023 година регистрираше земјотрес 109 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани – Охрид- Струга.

Loading...

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 12 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда M L 2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Следниот месец предлог проектите на општините на владина седница (ВИДЕО)