Земјотрес од 7,6 степени во Тихиот Океан

Сподели со своите пријатели

Силен земјотрес со јачина од 7,6 степени ја погоди денес областа во близина на Тонга во Јужниот Тихи Океан, предизвикувајќи евакуација на крајбрежните области, но нема опасност од цунами.

Американскиот геолошки завод објави дека земјотресот се случил рано навечер по локално време, на длабочина од околу 240 километри.

Земјотресите на помали длабочини обично се чувствуваат посилно на површината.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, околу 153 километри западно од Неиафу, вториот по големина град во островската држава Тонга.

Во моментов нема извештаи за штети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 66 војници загинаа по падот на авион во Колумбија (ВИДЕО)