Земјотрес од 7,2 степени во Таџикистан: Луѓето панично бегаат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од околу 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди Таџикистан во четвртокот наутро, јави кинеската државна телевизија CCTV.

Земјотресот е регистриран околу 8 часот и 37 минути или 5 часот и 37 минути по локално време, на длабочина од 10 километри.

Епицентарот е на околу 82 километри од најблиската граница со Кина, а силно е почувствуван во Кина, Авганистан и Пакистан.

По големиот земјотрес ја потресоа земјава, а сѐ уште нема информации за материјална штета.

На социјалните мрежи се шират видеа од преплашени луѓе во моментот на земјотресот.