Земјотрес од 7,1 степени ги погоди островите во Тихиот Океан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди во понеделник островите Кермадец во Тихиот Океан во близина на Нов Зеланд, објави Американскиот геолошки институт.

Loading...

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри. Американскиот центар за предупредување од цунами соопшти дека по земјотресот повеќе нема закана од цунами.

УСГС најпрво извести дека земјотресот бил со јачина од 7,3 степени, по што ја намалил јачината на 7,1 степени.

Силен земјотрес ги погоди истите острови пред нешто повеќе од еден месец, покажуваат извештаите на USGS. Тогаш јачината на земјотресот беше 7,0 степени според Рихтеровата скала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова студија ја потврди теоријата дека Ковид започнал од кинески пазар