Земјотрес од 6,6 степени ја погоди Папуа Нова Гвинеја

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геолошкиот институт на САД.

Loading...

Земјотресот бил на длабочина од 51 километар под вода и на околу 123 километри од најблискиот град Кокопоа.

Властите не издадоа предупредување за цунами.

Земјотресите се чести во Папуа Нова Гвинеја, која лежи на Огнениот прстен на Пацификот, зона на интензивна тектонска активност.