Земјотрес од 6,3 степени ја погоди Венецуела (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Според извештајот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), Венецуела беше погодена од земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓал на 24 километри источно-североисточно од заедницата Мена Гранде, во државата Зулија, а растојанието од главниот град Каракас е повеќе од 600 километри. Земјотресот е регистриран на длабочина од 7,8 километри.

Потресите предизвикаа чувство на вознемиреност и страв кај жителите низ цела Венецуела, додека беа почувствувани и во соседна Колумбија.

Во неколку венецуелски држави, како и во пограничните области, станбените и деловните згради беа евакуирани, додека властите презедоа соодветни заштитни мерки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во магацин во Британија: Службите веднаш започнаа со евакуација

Иако сеизмичката активност продолжи, венецуелската државна телевизија не ја прекина својата програма, вклучително и емисијата што ја водеше претседателот Николас Мадуро.

Еден час по главниот земјотрес, министерот за комуникации Фреди Нанес ја информираше јавноста преку апликацијата Телеграм дека се регистрирани уште два помали земјотреси со магнитуда од 3,9 и 5,4 степени, кои се случија во државите Зулија и Баринас. Нанес не коментираше за земјотресот, кој го регистрираше Геолошкиот завод на САД.

Земјотресот го погоди подрачјето каде што се наоѓа Мене Гранде, населба лоцирана на источниот брег на езерото Маракаибо, кое е клучно за нафтената индустрија на Венецуела.

Овој регион е домаќин на најголемите потврдени резерви на нафта во светот, што дополнително ја зголемува важноста на овој земјотрес во контекст на можните последици за економијата на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неидентификувани дронови над четири аеродроми во Данска - сообраќајот блокиран!