Земјотрес од 6,2 степени го погоди Тајван

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди источниот брег на Тајван, соопшти метеоролошката служба на островот.

Loading...

Зградите во главниот град Тајпеј се затресоа, но нема извештаи за штета, јавува Ројтерс.

Сообраќајот брзо се нормализира

Епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на тајванската област Хуалиен, јужно од јапонскиот остров Јонагуни, на длабочина од 5,7 километри, соопшти метеоролошката служба.

Возовите во системот на метрото на Тајпеј забавија, но сообраќајот набрзо продолжи нормално, објави градската управа.

Тајван се наоѓа во близина на спојот на две тектонски плочи, така што земјотресите во областа не се невообичаени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во ЕУ во август се регистрирани 643.637 нови автомобили

Повеќе од 100 луѓе загинаа во земјотрес во јужен Тајван во 2016 година, додека во земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтер загинаа повеќе од 2.000 луѓе во 1999 година.