Земјотрес од 6,1 степени ја погоди Папуа

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди најисточниот регион на Индонезија, Папуа, предизвикувајќи штета во крајбрежниот град Набира, но нема жртви.

Според шефот на Националната агенција за ублажување на катастрофи, Сухарјант, се урнале најмалку две куќи и главниот мост во Набире, додека владини згради, цркви и аеродромот претрпеле помала штета, објави АП.

„Ситуацијата е под контрола и сè е предмет на надзор“, рече Сухарјанто во видео порака.

Според Геолошкиот завод на САД, епицентарот на земјотресот бил 28 километри јужно од Набире, на длабочина од 10 километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Британците регрутираат шпиони низ целиот свет на „дарк веб“

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика соопшти дека нема опасност од цунами бидејќи епицентарот бил на копно.

Папуа претходно била погодена од смртоносни земјотреси, вклучувајќи ги и оние во 2004 година, кои предизвикале бројни жртви и штети.

Индонезија, која се наоѓа во сеизмички активна област, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции.