Земјотрес од 5,5 степени во Бангладеш

Сподели со своите пријатели

Бангладеш денес (27 февруари) беше погоден од земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 35 километри и на оддалеченост од 102 километри од Калкута.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Според изјавите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил силен, траел повеќе од една минута, а се чувствувало нишање во зградите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сенатот на Аргентина одобри рударство во зона на глечер