Земјотрес од 4,4 степени го погоди Пелопонез во Грција

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди регионот на Пелопонез во Грција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Loading...

Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на 32 километри југоисточно од градот Патра на Пелопонез на длабочина од 73 километри.

Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.

По тој земјотрес, Грција рано утринава беше погодена од неколку помали земјотреси, вклучително и земјотрес со јачина од три степени на околу 20 километри западно од островот Кефалонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што значи победата на Доналд Трамп за Балканот, а што на Камала Харис?