Земјотрес кај Токио: Материјална штета и неколку повредени

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска главниот град на Јапонија, Токио и неговата околина, при што беа повредени неколку лица и причинета мала материјална штета, објавија локалните власти и медиумите.

Loading...

Епицентарот на земјотресот бил во префектурата Чиба, југоисточно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Не е издадено предупредување за цунами.

Четири лица се повредени, меѓу кои и маж кој бил погоден од лустер, јави јапонската новинска агенција Кијодо. Неколку возови беа откажани или доцнеа.

Јапонија е една од земјите најподложни на земјотреси.

Во големиот земјотрес во 2011 година и цунамито што следеше, загинаа илјадници луѓе, а нуклеарната централа Фукушима беше предизвикана страшна штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нова студија ја потврди теоријата дека Ковид започнал од кинески пазар