Земјотрес ја погоди Романија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди округот Вранчеа во Романија.

Loading...

Земјотресот се случил во 5 часот и 54 минути по локално време на длабочина од 143,9 километри, соопшти Националниот институт за физика, пренесе Аџерпрес.

Градовите најблиску до земјотресот биле Фокшани, Бузау, Свети Георги, Брашов и Плоешти. Од почетокот на јануари во Романија се регистрирани 15 земјотреси со јачина меѓу 2,4 и 3,5 степени.

Најсилниот земјотрес во 2024 година е регистриран на 16 септември во округот Бузау, со јачина од 5,4 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Годишната инфлација во еврозоната во декември е највисока во последните пет месеци