Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија преку ноќ, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 375 километри и на оддалеченост од 43 километри од Неапол.
Според извештаите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван во неколку европски земји.
Очевидци велат дека земјотресот бил почувствуван во Задар, Малта, Тетово, јужниот дел на Србија, Лугано во Швајцарија, па дури и во Словачка.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, објавува „Кориере дела Сера“.
Не е издадено предупредување за цунами.

