Земјотрес го погоди Авганистан

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди регионот Хиндукуш во североисточен Авганистан, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), пренесува Ројтерс.

Земјотресот го погоди градот Фајзабад во 23:33 часот по локално време.

Длабочината на епицентарот на земјотресот не е утврдена, но се претпоставува дека бил плиток.

Досега не се објавени информации за жртви и евентуална материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопственичка казнета со 1.250 евра оти нејзината мачка одела кај соседите