Земјоделците во Франција денеска го блокираат пристапот до големите градови

Сподели со своите пријатели

Француските фармери денеска ќе го блокираат пристапот до големите градови, а навестија дека планираат „опсада“ на Париз, објавија локалните медиуми.

Loading...

Денеска властите ќе распоредат околу 15.000 полицајци, додека министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен побара од полицијата и жандармеријата да покажат умереност и да интервенираат само како последна мерка, доколку е загрозен интегритетот на луѓето или во случај на сериозни оштетувања на зградите.

Возила на жандармеријата синоќа веќе беа забележани на некои локации, особено околу меѓународниот аеродром Роаси Шарл де Гол, во близина на Париз.

Водечкиот земјоделски синдикат FNSEA објави дека земјоделците со трактори немаат намера да влезат во Париз, туку да блокираат неколку стратешки патишта, објави весникот Фигаро на својата веб-страница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По повеќе од 100 години, Французите ќе можа да се капат во Сена

Земјоделците порачаа дека не знаат до кога ќе трае блокадата и дека тоа ќе зависи од одлуките на новиот премиер Габриел Атал.

Блокади се најавени и низ други градови, како Лион, Бордо и Марсеј, каде ќе се организираат таканаречените „операции на полжави“, односно бавно возење до местото на блокадата.

Покрај земјоделците во Бордо, протест ќе имаат и таксистите, кои најавија и блокирање на некои патишта, пренесоа француските медиуми кои на своите веб-страници пренесуваат мапи од локациите што ќе бидат блокирани.

Земјоделците незадоволни од најавените мерки на Владата.

Loading...

Во петокот, Атал откри итни мерки, вклучително и укинување на зголемувањето на данокот на дизел гориво (GNR), големи компензации за фармерите чии добиток бил заразен со хеморагична болест и тешки санкции против тројца производители на земјоделска храна кои не ги почитувале француските закони за цените.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германија планира да купи воена опрема во вредност до 25 милијарди евра

Земјоделците особено го осудуваат падот на приходите, ниските пензии, инфлацијата и странската конкуренција.

Незадоволството на француските земјоделци доаѓа додека нивните колеги во Германија се мобилизираат од крајот на декември против реформата на оданочувањето на дизелот во земјоделството од страна на владата на канцеларот Олаф Шолц.