Земјоделците ја блокираат и Франција

Сподели со своите пријатели

Француските земјоделци ќе продолжат со протестите додека владата не ги исполни нивните барања, изјавија претставници на синдикатот на фармите по средбата со францускиот премиер Габриел Атале и министерот за земјоделство Марк Фесно.

Loading...

Претседателот на најголемиот синдикат на фармери во Франција, FNSEA, Арно Русо, рече дека Атал се обврзал да се сретне со земјоделците на терен во наредните денови, објави Ројтерс.

Земјоделците во Франција протестираат со ниските откупни цени на земјоделските производи и бараат пониски даноци, што се барања на земјоделците ширум Европа.

Земјоделците ги блокираа патиштата во делови од Франција минатата недела поради владиниот данок на горивото за трактори, евтиниот увоз на земјоделски производи и ниските откупни цени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 лица загинаа во поплавите во Непал

Владата најави дека сака да го слушне мислењето на претставниците на земјоделците за да се вклучат дополнителни мерки за поддршка на секторот во предлог-законот за земјоделство.