Земјите од ЕУ ги зајакнуваат граничните контроли

Сподели со своите пријатели

Европската унија се соочува со зголемување на бројот на мигранти кои влегуваат легално и илегално, што ги натера некои земји-членки привремено повторно да воведат гранични контроли, во нормални услови, во зоната на слободно движење, пренесува Танјуг.

Loading...

Шенгенските правила на ЕУ дозволуваат да се прибегне кон таква акција „како последна опција“ во случаи кои се сметаат за сериозни закани за внатрешната безбедност или јавната политика, пренесува Ројтерс.

Последната во низата земји која воведе построга гранична контрола е Финска, која во петокот привремено затвори седум од осум патнички гранични премини со Русија како одговор на големиот прилив на мигранти од Русија.

Претходно и други земји ги зајакнаа контролите, меѓу кои и Австрија, која во октомври воведе контрола на границата со Чешка до 6 декември.

Во ноември, Австрија ги продолжи граничните контроли со Словенија и Унгарија до мај 2024 година, наведувајќи го притисокот врз центрите за азил, заканите од трговијата со оружје, криминалните мрежи поврзани со војната во Украина и трговијата со луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Индонезија повторно еруптираше вулкан: Исфрли густ пепел 1,2 километри над врвот

Во август, Данска ги заостри граничните контроли на аеродромот во Копенхаген за оние кои влегуваат во земјата, вклучително и оние од земјите од Шенген, за посилна безбедност по неколку инциденти во кои беа запалени Курани.

Оваа земја ги продолжи проверките на данско-германската копнена граница и во пристаништата поврзани со Германија со фериботи до мај 2024 година, се наведува во извештајот на Европската комисија.

Данската влада објави дека на овој начин реагирала на зголемувањето на нерегуларната миграција, а како причини ги наведува заканите од тероризмот и организираниот криминал, шпионажата од странски разузнавачки служби и војната во Украина.

Loading...

Во септември Германија објави контрола на копнените граници со Полска, Чешка и Швајцарија, која треба да трае до 4 декември.

Берлин изјави дека тоа е одговор на зголемувањето на имиграцијата и високото ниво на шверц, откако Германија, како најголема европска економија, за прв пат оваа година доживеа нагло зголемување на бројот на барања за азил.

Германија ги продолжи контролите на копнената граница со Австрија до мај 2024 година, како одговор на притисокот врз германскиот систем за азил, безбедносните закани поврзани со тероризмот на Блискиот Исток и војната во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кандидатот на крајната десница на претседателските избори во Романија го призна поразот

Засилени гранични контроли

Италија од 21 октомври ги врати полициските контроли на североисточната копнена граница со Словенија, тврдејќи дека некои мигранти кои транзитираат на балканската рута би можеле да бидат терористи.

Контролите ќе важат најмалку до 9 декември, а според најавата на министерот за внатрешни работи, Матео Пјантедоси, најверојатно ќе бидат продолжени следната година.

Норвешка, која припаѓа на Шенген, но не е членка на ЕУ, од 12 ноември повторно воведе гранични контроли на пристаништата поврзани со фериботи со Шенген зоната. Овие контроли треба да траат до 5 мај 2024 година.

Полска ги продолжи привремените гранични контроли со Словачка до 3 декември, наведувајќи дека мигрантите се обидуваат илегално да влезат во земјата.

Loading...

Во август, Шведска ги зајакна контролите на своите граници и ѝ даде на граничната полиција поголеми овластувања, кои вклучуваат можност за претресување луѓе и поголема употреба на електронски надзор.

Шведската влада го подигна нивото на закана од тероризам во август, откако рече дека спречила напади откако инцидентите со палење на Куранот ги поттикнаа заканите од, како што рече, исламските милитанти. Од ноември ги продолжи граничните контроли до мај 2024 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Португалија: По изборите, Монтенегро објави формирање на уште една малцинска влада

Франција од ноември повторно воведе контрола на своите граници со членките на Шенген, наведувајќи ги заканите од тероризмот.

Контролите треба да траат до 30 април 2024 година. Во октомври францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин најави засилени безбедносни мерки на границата со Белгија, откако две лица беа убиени во Брисел.

На 20 ноември, Владата на Словачка одобри задржување на привремените контроли на границата со Унгарија до 23 декември.

На 17 ноември Словенија ги продолжи граничните контроли со членките на Шенген до 9 декември, наведувајќи ги вооружените конфликти во Украина, Блискиот Исток и Африка, како и зголемените закани од организираниот криминал и тероризмот.

Словенија планира повторно да воведе контрола на тие граници за шест месеци, почнувајќи од 22 декември.

Во октомври Словенија распореди полиција на граничните премини со Хрватска и Унгарија.

Loading...