Секој месец од јуни 2023 година е најтоплиот на планетата досега измерен и забележан, според месечниот преглед на службата за климатски промени Коперник (C3S).
Вклучувајќи го април, просечната глобална температура беше највисока за 12-месечен период досега, 1,61 степени целзиусови над просечната температура во прединдустрискиот период од 1850 до 1900 година.
Некои од екстремите, вклучително и рекордните температури на морската површина за неколку месеци во ред, ги натера научниците да истражат дали човековата активност предизвикала пресврт во климатскиот систем, односно дали сме сведоци на значителна промена во климатскиот систем.
Емисиите на стакленички гасови од согорувањето на фосилните горива се главната причина за климатските промени.
Во последните месеци, природниот феномен Ел Нино, кој ги загрева површинските води во источниот дел на Тихиот Океан, исто така ги зголеми температурите.
Во април беа забележани одредени временски екстреми, вклучително и топлотниот бран во Сахел кој е можна причина за илјадници смртни случаи.
Климатологот Хејли Фаулер од Универзитетот во Њукасл рече дека податоците покажуваат дека светот е опасно блиску до прекршување на целта на Парискиот договор од 2015 година за запирање на глобалното затоплување на 1,5 степени целзиусови над прединдустриските нивоа.
Неговото мислење е дека светот веќе ја изгубил таа битка и дека сега мора што побрзо да работи на намалување на емисиите на штетни гасови за да се задржи зголемувањето на глобалната температура под 2 степени целзиусови во однос на прединдустрискиот период.