Земја во која мртвите никогаш не умираат

Сподели со своите пријатели

Во најголемиот дел од светот, бдењето и погребот се главно средство за церемонијално простување од покојниците. Меѓутоа, тоа не важи за регијата Тораџа во Индонезија, каде семејствата со денови, месеци, па дури и години го чуваат телото на починатиот член.

Според нивното верување, духот на починатиот ќе ги прогонува, ако не го сочуваат неговото тело. Затоа тие ги одржуваат лешевите со формалдехид и метанол и ги псотавуваат во центарот на своите активности.

Тој бизарен обичај подразбира задржување на телото се додека и последниот член на домаќинството не ја прифати неговата смрт. Обичајот кулминира со раскошен погреб, за кој Тораџанците штедат целиот свој живот.

Така неодамна бил погребан човек кој уште додека бил жив си го смислил четиридневниот настан, кој неговото семејство го чинело над 50.000 долари. За покој на неговата душа заклале стотина прасиња и дваесетина јагниња.

 

Loading...