Земја на најсреќните луѓе во светот – задоволството им е загарантирано со Устав

Сподели со своите пријатели

Сместено на источната падина на Хималаите меѓу Кина и Индија, Кралството Бутан е познато во светот како место каде живеат среќни луѓе.

Loading...

Имено, бројните истражувања спроведени на подрачјето на Бутан покажуваат дека над 90% од населението се чувствува среќно.

Дури и во пописот има графа во која можете да наведете дали сте задоволни од вашиот живот или не.

 

 

Тешко е да се замисли дека толку мала земја во планините на Хималаите, до која се стигнува само со два авиони, е „најсреќната земја“ во светот и има еден од најбрзо растечките БДП.

Бутан е последното постоечко будистичко кралство и има зачувано голем дел од својата култура од 17 век, избегнувајќи ја глобализацијата и останувајќи изолирана од светот.

Loading...

Бутан дозволува само одреден број странци да влезат во земјата секоја година, а двесте долари на ден што секој патник треба да ги плати ги обесхрабрува многумина да ја посетат таа земја.

 

 

Интернетот, телевизијата и западната облека беа забранети во земјата до пред десет години.

Но, во текот на изминатата деценија, глобализацијата го погоди и Бутан. Меѓутоа, во таа земја сè уште е совршено избалансирано.

Бутан е единствената земја во светот која има GNH. Можеби мислите дека GNH е само уште еден статистички заснован термин без примена во реалниот живот, но се однесува на „бруто национална среќа“.

 

Loading...

 

Процесот на мерење на GNH започна кога Бутан се отвори за глобализацијата. Го мери квалитетот на животот на луѓето и гарантира дека „материјалниот и духовниот развој се случуваат заедно“.

Бутан мери девет клучни области на среќа на секои пет години – психолошка благосостојба, здравје, образование, добро владеење, екологија, користење на времето, виталност на заедницата, култура и животни стандарди.

Бутан направи неверојатна работа за да ја најде таа рамнотежа.

 

 

Loading...

Таа постојано се рангира како најсреќна земја во цела Азија и осма најсреќна земја во светот според Business Week.