Зеленски ѝ порача на ЕУ дека задоцнила со санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во обраќањето преку видео врска до членовите на Европскиот совет, им порача на земјите од ЕУ дека доцнат со воведувањето санкции кон Русија.

Loading...

Зеленски на својот Фејсбук профил го сподели своето видео обраќање во кое им се заблагодари на европските лидери, но рече дека „малку задоцниле“, бидејќи, како што нагласи, „санкциите биле превентивни, постои можност Русија да не влезеше во војна“, пренесува Гардијан.

 

Русија им кажува на своите војници дека војната мора да заврши до 9 мај

 

„Да беа санкциите превентивни, Русија можеби немаше да влезе во војната. Русија немаше да создаде криза со енергетиката, сепак ќе имаше шанса“, рече украинскиот претседател, додавајќи дека Русија можеби немаше да влезе во војната ако знаеше дека ќе трае.

„Руската армија не знае што е чест, што е совест. Тие не разбираат зошто толку ја цениме нашата слобода, која одредува како ќе живее една земја“, рече Зеленски.

 

Loading...

Бербок: Русија може да се обиде да го дестабилизира Западен Балкан

 

Тој исто така изјави дека руската армија веќе уништила 230 училишта, 155 градинки и дека од почетокот на војната загинале 128 деца.

„Цели градови и села беа изгорени до темел. Немаше ништо. Руската армија убиваше и новинари, иако видоа дека го носи натписот „Прес“. Можеби не ги научиле да читаат, туку само да убиваат“, рече Зеленски.