Зеленски: Застојот не е опција, мора да воспоставиме целосна контрола врз државата

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на дигиталната конференција на Фајненшл тајмс инсистираше дека „застојот не е опција“ за Украина, зборувајќи повторно за можноста неговата земја да се приклучи на НАТО.

Loading...

Зеленски рече дека Украина веќе изгубила „премногу луѓе за едноставно да ја предаде својата територија“, додавајќи дека Киев мора да воспостави „целосна контрола врз целата своја територија“, пренесува Би-би-си.

Тој исто така рече дека НАТО треба да ја покани Украина да му се придружи доколку сака, додавајќи дека „нема потреба да се губи време за да се разговара за нејзиниот пристап“.

Русија долго време се спротивставува на идејата на Украина да влезе во НАТО. Москва верува дека Северноатлантската алијанса навлегува во нејзината област на политичко влијание, прифаќајќи нови членки од Источна Европа и верува дека приемот на Украина ќе го внесе НАТО во нејзиниот двор.

Зеленски претходно изјави дека прифаќа оти неговата земја не може да се приклучи на алијансата, наведувајќи дека „јасно е дека Украина не е членка на НАТО“.

„Го разбираме тоа“, рече Зеленски.

Тој исто така изјави дека е „многу среќен“ што Борис Џонсон сѐ уште е британски премиер, откако се соочи со гласање за доверба од неговите конзервативци.