Задачата на украинската делегација во разговорите со руските претставници е да направи се што е можно за да се сретнат украинскиот и рускиот претседател, рече претседателот Володимир Зеленски во своето видео обраќање во понеделник наутро.
– Претставниците на делегациите на нашите земји секојдневно разговараат во видео формат. Нашата делегација има јасна задача, да направи се за да обезбеди средба на претседателите на двете земји. Средба за која сум сигурен дека луѓето чекаат да се случи – рече Зеленски.
Тој истакна дека таквата средба е „тешка приказна“ и „тежок, но неопходен пат“, пренесува Укринформ.
– И нашата цел е Украина да го добие потребниот резултат во оваа борба, во оваа преговарачка работа. Таков резултат ни е потребен за мир и безбедност, затоа имаме гаранции за безбедност – нагласи претседателот.
Украина тврди: Русите го гранатираа аеродромот Антонов (ВИДЕО)
Како позитивен пример од претходните рунди од преговарачкиот процес, тој ја наведе организацијата на 10 хуманитарни коридори.
– Работат повеќе од десет хуманитарни коридори, а за еден ден се спасени 5.550 луѓе. За шест дена, тоа е повеќе од 130.000. Треба да разговараме. И тоа е поради преговорите. Тоа мора да го разбереме – рече Зеленски.