Зеленски: Во Брисел ќе се покаже кој ја предал Украина

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ноќно видео обраќање рече дека за време на самитот на Г7, НАТО и ЕУ во Брисел ќе се открие кој ја предал Украина за пари, а кој е нејзин пријател и партнер.

„Ќе видиме кој е пријател, кој е партнер, а кој не предаде за пари“, изјави Зеленски.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Тој ги предупреди западните лидери, кои денеска ќе се сретнат во Брисел, дека Русија ја користи својата економска моќ за да ги спречи сојузниците на Украина да се мешаат во војната.

„Знаеме дека Русите веќе почнаа да лобираат за нивните интереси. Тоа се интересите на војната. Знаеме дека работат со некои партнери. Нашиот цврст став ќе биде претставен на овие три самити“, рече Зеленски.

 

Договорени седум коридори за евакуација од украинските градови

 

Зеленски претходно ги повика луѓето ширум светот денеска јавно да протестираат кога, како што рече, е точно еден месец од руската инвазија.

Тој ќе се обрати на самитот на НАТО преку видео врска и се очекува да побара Украина да добие понапредно оружје, вклучувајќи авиони и противвоздушни системи.