Зеленски вели дека поддржува трилатерален состанок САД – Украина – Русија

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Киев е подготвен за конструктивна соработка и дека ја поддржува трилатералната средба на лидерите на Соединетите Американски Држави (САД), Украина и Русија, пренесува Ројтерс.

Loading...

„Украина ја потврдува својата подготвеност да вложи максимални напори за постигнување мир“, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.

Тој рече дека го поддржуваат предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија.

„Украина нагласува дека клучните прашања можат да се дискутираат на ниво на лидери, а трилатералниот формат е погоден за тоа“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рубио по средбата меѓу Путин и Трамп: Русија и САД имаат долг пат пред себе