Украинските сили постигнаа одреден успех во близина на јужниот град Херсон, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Loading...
Зеленски во синоќешното обраќање рече и дека украинските сили напредуваат кон делови од регионот Харков, пренесува Ројтерс.
„Нашите бранители покажуваат најголема храброст и сè уште се господари на ситуацијата на фронтот и покрај тоа што руската армија има значителна предност во однос на опремата и бројноста“, рече Зеленски.