Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека украинските сили успешно го бранат регионот Донбас во источна Украина.
Loading...
Зеленски денеска изјави дека најпроблематична област е во Керсон, на југот на земјата, каде руската армија се пресели северно од Крим, пренесува Би-би-си.
Украинскиот претседател ги опиша конфликтите во таа земја како „звук на новата железна завеса што паѓа и ја одвојува Русија од цивилизираниот свет“.
Претседателот на Русија Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија соопшти дека донел одлука за започнување на специјална воена операција во Донбас.
Тој посочи дека плановите на Русија не вклучуваат окупација на Украина.