Зеленски: Украина воведува визи за руските граѓани

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот објави дека Киев има намера да воведе визи за руските граѓани од 1 јули, четири месеци по инвазијата на Москва во неговата земја, пренесува АФП.

Loading...

– Украина воведува визен режим за граѓаните на Руската Федерација – објави Зеленски на својот профил на Телеграм.

Тој рече дека одлуката ќе стапи на сила на 1 јули 2022 година, според владината одлука што требаше да биде усвоена во петок.

Овој потег ќе стави крај на безвизниот режим за патување меѓу двете земји, кој беше воведен кога Украина стана независна држава и се повлече од Советскиот Сојуз во 1991 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украинците ловат руски дронови со рибарски мрежи (ВИДЕО)