Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина „веќе би ја завршила оваа војна“ доколку имаше пристап до подобро оружје, како што е она што го користи Русија.
Како што јави Би-Би-Си, Зеленски доцна синоќа изјавил дека „во сите интервјуа и преговори со лидерите на демократскиот свет, неправедно е што Украина сѐ уште е принудена да го бара она што нејзините партнери го чуваат со години“.
Тој рече дека моралната должност на овие земји е да помогнат во заштитата на слободата, да ги спасат животите на илјадници Украинци, доколку имаат оружје и муниција што и се потребни на Украина.
Кина: Испраќањето оружје во Украина го продолжува и ескалира конфликтот
Во своето обраќање Зеленски рече дека Украина, доколку го добие оружјето што и е ветено во наредните недели, ќе спаси животи на илјадници луѓе.
Зеленски додаде дека интензитетот на рускиот оган во Харков во Донбас и во регионот Днепропетровск е зголемен, дури и врз цивилни структури.
„Не е позната судбината на десетици илјади жители на Мариупол кои се преместени на територии под контрола на Русија“, рече Зеленски, цитиран од Би-Би-Си.
Во теке 56-тиот ден од руската инвазија на Украина.