Зеленски: Украина поканета на самитот на НАТО

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е поканета на самитот на НАТО во Хаг, кој ќе се одржи на 24 и 25 јуни.

Loading...

Зеленски им изјави на новинарите дека во понеделник имал средба со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави „Украинска правда“.

„Бевме поканети на самитот на НАТО. Мислам дека ова е важно“, додаде Зеленски.

Украинскиот претседател не прецизираше како Украина ќе биде претставена на самитот на НАТО, но рече дека украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ќе разговара со своите колеги „за распоредот“.

Самитот на НАТО ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски до Европа: „Прашајте ги разузнавачките служби за руските планови во Белорусија ова лето“