Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека последното барање на неговата влада до западните партнери е лиценца за производство на американско оружје, вклучително и ракети од системот за воздушна одбрана „Патриот“, но дека досега Украина не добила лиценца.
„Денес, прашањето за воздушната одбрана е најтешкиот проблем. За жал, нашите партнери сè уште не ни даваат лиценци сами да произведуваме системи, дури ни ракети за оние системи што веќе ги имаме“, рече Зеленски во интервју за Би-Би-Си.
Тој изјави дека „не знае зошто е тоа така“, пренесува Танјуг.
Запрашан за времетраењето на војната во Украина, Зеленски изјави дека ја гледа ситуацијата како „две паралелни колосеци“ и додаде дека е успех за Украина да го запре рускиот претседател Владимир Путин.
Зеленски оцени дека Путин не сака да ја заврши војната, но тоа „не значи дека нема“.

