Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во последните четири дена загинале 16 деца, а 45 се ранети.
Зеленски тврди дека досега се убиени 4.500 руски војници.
Русите велат дека зеле два града и нуклеарна централа во Украина
Апелираше и до руските војници.
– Спасете ги животите и одете – рече претседателот на Украина.
Тој исто така рече дека апелирал до Европската унија за итно пристапување на Украина во алијансата по нова специјална процедура.
Да потсетиме, на украинско-белоруската граница за денеска се закажани мировни преговори меѓу руската и украинската делегација, а делегацијата од Украина допатува таму со хеликоптер.
Руски војници го зазедоа Бердањск: Пристигна потврда од кабинетот на Зеленски!
Се нагласува дека клучна тема на преговорите ќе биде итен прекин на огнот и повлекување на руските војници од територијата на Украина.