Зеленски: Трамп не рече ниту да ниту не

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, се сретнаа во Белата куќа во врска со потенцијалната испорака на американски ракети „Томахавк“ во Украина.

Зеленски изјави дека е „реално“, дека темата била дискутирана на состанокот, но дека САД „не сакаат да предизвикаат ескалација“ со Москва.

„Русија се плаши од „Томахавк“, навистина се плаши, бидејќи е моќно оружје“, рече Зеленски на прес-конференцијата, кој му предложи и на Трамп САД да ѝ дадат на Украина „Томахавк“, а Украина за возврат да им снабди на САД беспилотни летала.

Сепак, Трамп му стави до знаење на Зеленски дека во овој момент нема да има никаква врска со испраќање моќни ракети во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Соборени 20 украински дронови за два часа

Иако ја опиша средбата со Трамп како „продуктивна“, Зеленски исто така рече дека „смета на Трамп да изврши притисок врз Путин“.

Тој рече дека Трамп не бил категоричен, дека не рекол строго не, но дека сега многу подобро ја разбира ситуацијата и тоа го прави среќен.

Тој, исто така, повторно повика на „безбедносни гаранции“ за неговата земја и рече дека е „отворен“ за тристран самит со Трамп и Путин за да се обиде да ја спречи руската инвазија.