Зеленски: Сигурен сум дека Путин се плаши од САД

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин се плаши од Соединетите Американски Држави, а намалениот интензитет на бомбардирањето на Киев за време на посетите на американските претставници, вклучително и специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави Кит Келог, го потврдува ова, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Loading...

„Генералот Келог пристигна и немаше масовни бомбардирања две ноќи по ред. Тоа е интересен пример. Луѓето дури се шегуваат дека требало да му се даде украински пасош“, изјави Зеленски за американскиот Newsmax.

Зеленски нагласи дека Путин покажува претпазливост кога американските претставници се во Украина.

„Тој заплашува, уценува, создава тензии, но не оди кон целосна ескалација. Ова значи едно – дека Путин се плаши од Америка. Тоа е она што му го кажував на (американскиот) претседател (Доналд Трамп) цело време. На еден или друг начин, Путин се плаши од Америка. Сигурен сум во тоа“, смета Зеленски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Франција одбија да финансираат американско оружје за Украина

Тој, исто така, зборуваше за различните пристапи на американските претседатели во врска со војната во Украина.

„Претседателот Трамп му дава шанса на Путин да ја заврши војната. Навистина се надевам дека ако Путин не го стори тоа, Трамп ќе воведе силни санкции што е невозможно да се заобиколат и ќе ни даде вистински штит за одбрана на Украина и Европа. Тоа ќе направи разлика“, рече тој.

Тој додаде дека претходниот американски претседател, Џозеф Бајден, не бил во можност да ја заврши војната.