Зеленски: Рускиот меморандум за прекин на огнот е лага

Сподели со своите пријатели

Русија сè уште не го споделила својот меморандум за прекин на огнот со Украина и нејзините партнери, вклучително и Турција, која е домаќин на преговорите, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот вечерта, јавува Танјуг, повикувајќи се на украинските медиуми.

Loading...

Во вечерното видео обраќање, Зеленски изјави дека договорите не функционираат со Москва и дека никој сè уште не го видел таканаречениот „меморандум“ што го ветија руските претставници и кој наводно го подготвувале повеќе од една недела.

Украинскиот претседател рече дека тоа е „уште еден чин на измама од страна на Русија“, нагласувајќи ја потребата од воведување построги санкции врз Москва и зголемување на притисокот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ердоган верува во мир меѓу Русија и Украина: Турција ќе се залага за сè

Зеленски изјави дека претходно во текот на денот разговарал со американските и европските лидери, објави Укринформ.

Тој оцени дека Русија ја продолжува војната, тврдејќи дека Москва сака да ги „измами државите што сè уште веруваат дека можат да влијаат“ врз неа со „зборови наместо со притисок“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во средата изјави дека Русија предложила одржување на втората рунда разговори меѓу руската и украинската делегација во Истанбул на 2 јуни.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха ја повика Русија веднаш да ѝ го предаде на Украина својот „меморандум“ со предлози за прекин на огнот, наместо да чека до понеделник, 2 јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Како Западот ѝ помага на Русија да ја финансира војната против Украина?