Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 137 украински граѓани – и војници и цивили – биле убиени на првиот ден од рускиот напад. Најмалку 316 лица се повредени.
Претходно денеска Зеленски потпиша документ со кој наредува мобилизација на сите регрути и резервисти во сите украински региони. На социјалните мрежи се шират видеа на кои наводно се гледаат Украинците во редовите за одење во војна.
Во телевизиско обраќање тој рече дека е разочаран по разговорите со западните лидери.
„Не гледам некој да се бори со Украина“, рече тој.
Тој рече дека верува оти руски диверзантски групи влегле во главниот град на Украина, Киев.
Во видео изјава доцна во четвртокот, Зеленски рече: „Според нашите информации, непријателот ме означи како цел број 1, моето семејство како цел број 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателски диверзантски групи влегоа во Киев“, рече тој.
„Останувам во владиниот округ заедно со другите“, додаде тој.
Звернення Зеленського. Головне:
— через російське вторгнення загинули 137 громадян загинуло, з них 10 офіцерів, 316 поранено
— загинули 13 прикордонників о. Зміїного
— «за наявною інформацією ворог позначив мене як ціль номер 1, а мою родину як ціль номер 2» pic.twitter.com/qGMQ8a5Vcf— Радіо Свобода (@radiosvoboda) February 24, 2022

