Зеленски: Руската инвазија ги уништува болниците и ги остава лекарите без лекови

Сподели со своите пријатели

Руската инвазија на Украина опустоши стотици болници и други медицински установи и ги остави лекарите без лекови за борба против ракот или можност за операција, изјави украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Loading...

Според Ројтерс, тој рече дека на многу места во источна и јужна Украина, на главните боишта, им недостасуваат дури и основни антибиотици.

 

Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“

 

„Ако се земе предвид само медицинската инфраструктура, до денес, руските војници уништиле или оштетиле речиси 400 здравствени установи: болници, породилишта, клиники“, рече Зеленски во видео-обраќање до медицинска хуманитарна група.

Состојбата во областите окупирани од руските сили е катастрофална, нагласи тој, посочувајќи на „целосен недостиг на лекови за болните од рак“.

„Тоа значи екстремни тешкотии или целосен недостаток на инсулин за дијабетес. Невозможно е да се изврши операција. Тоа значи, едноставно, недостиг на антибиотици“, рече Зеленски.

Loading...