Зеленски: Русите се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса

Сподели со своите пријатели

Руските трупи се подготвуваат да ја бомбардираат Одеса, стратешки град и главното украинско пристаниште на Црното Море, предупреди претседателот на Украина Володимир Зеленски.

Loading...

„Тоа би било воено злосторство, тоа би било историско злосторство“, рече Зеленски во видео обраќањето во време кога руската армија, која го напушти анектираниот Крим, продолжува да напредува во јужна Украина.

 

Ердоган му порача на Путин: Итен прекин на огнот во Украина

 

Тој рече дека Русите секогаш доаѓале во Одеса и ја чувствувале само топлината и искреноста во тој град со речиси милион жители.

„За што се работи сега? Бомби против Одеса, артилерија против Одеса, ракети против Одеса“, рече Зеленски.

Тој ги повика Русите да застанат против инвазијата на Украина и да направат избор меѓу „живот и ропство“.

Loading...

„Граѓани на Русија, за вас тоа повеќе не е само борба за мир во Украина. Тоа е и борба за вашата земја“, рече тој.

 

Ердоган му порача на Путин: Итен прекин на огнот во Украина

 

Зеленски повторно побара од западните сојузници да воведат зона на забранети летови над Украина.

НАТО претходно го отфрли предлогот, сметајќи дека тој ќе го ескалира конфликтот со директно вклучување на странска армија.

„Светот е доволно силен да го затвори нашето небо“, рече Зеленски во видео обраќањето.

Украинскиот претседател уште еднаш побара од западните сојузници да и испорачаат воени авиони на неговата земја. Соединетите Држави денеска посочија дека „активно работат“ на договор со Полска за испраќање авиони.

Loading...