Русија користи енергија за да ја уценува Европа, тврди украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Во своето обраќање во текот на ноќта, Зеленски рече дека одлуката на Русија да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија покажува дека „никој во Европа не може да се надева на одржување на нормална економска соработка со Русија“, пренесува Би-Би-Си.
Британско разузнавање: Русите не можат да ја заменат потопената Москва, не им даваат Турците
„Русија не гледа само на гасот, туку на секоја трговија како оружје. Само го чека моментот кога ќе може да се искористи една или друга трговска област“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател рече и дека Русија како цел ја гледа обединета Европа и оцени дека колку побрзо сите во Европа се согласат дека не можат да зависат од Русија на полето на трговијата, толку побрзо ќе се воспостави стабилност.
Канадскиот парламент ги оцени злосторствата во Украина како геноцид
Тој го поздрави договорот со ЕУ за укинување на царините и квотите за извоз на производи од Украина, наведувајќи дека Русија сака да создаде хаос на светските пазари, особено кога станува збор за храна.
„Извозот од Украина би помогнал да се стабилизира пазарот и да се поддржи економијата на земјата за време на кризата“, заклучи Зеленски.