Зеленски: Русија е терористичка држава

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија „терористичка држава“, наведувајќи дека рускиот напад врз Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна.

Зеленски доцна синоќа во своето обраќање до нацијата рече дека војната сѐ уште не е завршена и дека „руските воени злосторства продолжуваат“, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

 

Панамски трговски брод потона во руските напади

 

– Руската економија сѐ уште е способна да ја одржува воената машина. Затоа ни се потребни нови санкции против Русија. Светот мора конечно и официјално да признае дека Русија стана терористичка држава – рече Зеленски.

Тој, исто така, директно им се обратил на Русите, барајќи од нив да се запрашаат дали опсадата на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна.

Украинскиот претседател им вети и на руските војници шанса да преживеат доколку го положат оружјето.

 

Ова е театарот во Мариупол пред и по рускиот напад

 

– Руската армија трпи загуби кои не ги виде во Сирија или Чеченија, а кои советските трупи ги немаа ниту во Авганистан. Ако вашата војна, војната против украинскиот народ, продолжи, мајките на Русија ќе изгубат повеќе деца отколку во авганистанската и чеченската војна заедно. Зошто е ова потребно? – праша Зеленски.