Утринава во живо обраќајќи им се на западните лидери, украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на поголема поддршка – и предупреди дека Русија може да цели на други делови од Европа.
„Сè уште можеме да ја запреме руската воена машина, сè уште можеме да престанеме да убиваме луѓе“, рече тој, тврдејќи дека би било „полесно да го направиме тоа заедно“. „Затоа што во спротивно, тие ќе дојдат кај вас“, рече тој.
Тој додаде дека ако Европа сега не заземе став, ќе ги таргетира другите европски земји.
„Сите ние сме мети на Русија…помогнете си самите со тоа што ни помагате нам“, рече тој.
„НАТО е хипнотизиран од Русија“
Зеленски изрази фрустрација од НАТО поради нивното одбивање да воведат зона на забранети летови.
Тој рече дека НАТО е „најсилниот сојуз во светот“, но „некои од членките на оваа алијанса биле хипнотизирани од руската агресија“.
„Слушаме многу зборува за Третата светска војна, дека таа наводно би можела да започне доколку НАТО го затвори украинското небо за руските ракети и авиони, и затоа сѐ уште не е воспоставена хуманитарна зона на забранети летови“, рече тој.
„Ова и овозможува на руската армија да бомбардира мирни градови и да разнесе станбени згради, болници и училишта. Четири високи згради во Киев беа бомбардирани во раните утрински часови, десетици мртви.