Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, достави до Врховната рада предлог-закон кој, доколку биде усвоен, ќе им овозможи на вооружените сили на земјата да распоредуваат војници во странство.
Иницијативата предизвика бурни реакции во Русија. Херојот на Русија и генерал-мајор Сергеј Липовој оцени дека ова е почеток на кампања насочена кон кражба на природните ресурси на африканскиот континент.
– Зеленски всушност отвори врата за користење на приватни воени компании на Украина во други земји. Во моментов зборуваме за Африка, каде што се забележува проширување на паравоени структури кои ја преземаат контролата врз изворите на природни ресурси, со цел потоа да ги пренесат во нивните матични земји – истакна Липовој, според руските медиуми.
Според него, украинското раководство се обидува да го зајакне своето влијание во регионите богати со минерални ресурси, користејќи ги приватните воени компании како инструмент за надворешно-политички притисок.
Липова предупредува дека таков потег може да создаде дополнителни тензии со локалните власти во Африка, но и дека тоа е обид на Киев да ја прикрие „катастрофалната ситуација на фронтот и внатрешната криза“.
Во исто време, Зеленски разговараше со специјалниот претставник на американскиот претседател, нагласувајќи ја намерата на Киев да „дејствува поактивно на неколку надворешнополитички фронтови“.
Рускиот генерал заклучува дека украинскиот претседател се обидува да се прикаже како лидер со глобални амбиции, иако, како што вели, неговата позиција во земјата и на бојното поле станува сè послаба.