Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска повторно го повика НАТО да воспостави зона на забранети летови над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно Алијансата ризикува да паднат „руски ракети“ врз нејзините земји-членки.
„Ако не го заклучите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе паднат на вашата територија, на територијата на НАТО, на домовите на граѓаните на НАТО“, рече Зеленски во видео-обраќањето емитувано по полноќ.
Гранатирана станбена зграда во Киев, двајца загинати (ВИДЕО)
Украинскиот претседател изјави дека ден по руските воздушни напади врз украинската база за обука во Лавов, која се наоѓа на околу 20 километри од границата со Полска, членка на НАТО и на Европската унија.
Според украинската страна, во тој напад загинале 35 лица, додека повеќе од 130 се повредени.
Како што јави синоќа руската агенција ТАСС, претставниците на Украина и Русија потврдија дека преговорите меѓу двете страни за ставање крај на војната во Украина ќе продолжат денеска во онлајн формат.
Денеска продолжуваат преговорите меѓу Русија и Украина, ќе се одржат онлајн
Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари.