Зеленски: Повеќе од 200.000 деца присилно однесени во Русија

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека 200.000 деца биле насилно однесени во Русија.

Loading...

Тој додаде дека во војната досега се убиени 243 деца, 446 се ранети, а 139 се водат како исчезнати.

– Целта на оваа криминална политика не е само да се крадат луѓе, туку и да се натераат оние што се депортирани да заборават на Украина и да не можат да се вратат. Украина не може да се освои, нашиот народ нема да се предаде и нашите деца нема да станат сопственост на окупаторите – рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп: Војната меѓу Русија и Украина мора да престане