Зеленски: Повеќе од 2.000 украински деца се киднапирани од почетокот на војната

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во четвртокот дека повеќе од 2.000 деца се киднапирани од почетокот на руската војна против неговата земја, јавува Анадолија.

Loading...

„Не знаеме каде се нашите деца“, рече Зеленски, обраќајќи се на самитот на Европскиот совет преку видео врска.

 

Северна Кореја потврди дека тестирала нов тип на интерконтинентална балистичка ракета (ГАЛЕРИЈА)

 

Зеленски, исто така, ги обвини руските сили дека пукале врз конвои со хуманитарна помош и гаѓале жени и деца додека се движеле низ коридорите за евакуација.

Во меѓувреме, украинската вицепремиерка Ирина Верешчук рече дека повеќе од 3.300 луѓе биле евакуирани од регионите Киев, Доњецк и Запорожје во четвртокот.

Сепак, таа рече дека украинската страна не била во можност да ги евакуира луѓето кои живеат во опколениот град Мариупол и дека во него не можат да влезат десетици возила натоварени со хуманитарна помош.

Loading...

 

Русија: Кривична истрага на биолошки лаборатории во Украина

 

Војната меѓу Русија и Украина, која започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Оттогаш, најмалку 1.035 цивили се убиени, а 1.650 се ранети во Украина, соопштија Обединетите нации. Во исто време, повеќе од 3,6 милиони Украинци избегаа во соседните земји.