Зеленски потпиша нов закон: Се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на „руската агресија“ против Украина.

Loading...

Документот за тоа предвидува кривична одговорност.

 

Украинската армија објави фотографии: „Вака изгледаат окупаторските хеликоптери“ (ФОТО)

 

– Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информациски производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор, се наведува во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина, пренесува Б92.

Во соопштението се посочува дека овој закон забранува оправдување и признавање на „агресијата на Руската Федерација врз Украина“ како легална, прикажувајќи ја како внатрешен украински или граѓански конфликт.

 

Loading...

Украински обвинител: 103 деца се убиени од почетокот на руската инвазија

 

– Одговорноста за оправдување, признавањето како закони, негирањето на вооружената агресија на Руската Федерација врз Украина и величењето на нејзините учесници, отсега ќе биде кривично дело, се заклучува во соопштението на Комитетот.